fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не се согласуваат околу „десоросоизацијата“

-

ДУИ не се согласува со досегашниот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за процесот на „десоросоизација“, најавен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Од ДУИ за телевизија „Алсат М“ велат дека имаат добра соработка со невладиниот сектор и со Фондацијата „Отворено општество“. Не споменувајќи ја директно ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ велат дека државните органи треба да се занимаваат со можните сомнежи од аспект на финансирањето на невладините организации, а не со нивната дејност.

„Невладините организации треба да имаат можност слободно да работат. Истото се однесува и на Фондацијата „Отворено општество“. Државните органи треба и ќе реагираат само доколку постојат сомневања околу изворите на финансирање или доколку нивната дејност е спротивна на законот. ДУИ ќе продолжи да има коректна соработка со невладините организации во земјава“, велат од ДУИ.

Прашани кој би бил нивниот став доколку ВМРО-ДПМНЕ на преговарачката маса бара да се преземат заеднички конкретни мерки при „десоросоизацијата“ на Македонија, од ДУИ велат дека немаат информации за тоа која невладина организација или кој медиум со кого е и од кого е финансиран.

Поимот „десоросоизација“ првпат го спомена Груевски во таканаречениот „проглас“, кој го соопшти на протестот пред Државната изборна комисија на 17 декември.

– Ќе се бориме за десоросоизација на Република Македонија и за зајакнување на независен граѓански сектор кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и НВО, по теркот на најнапредните демократии во светот – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...