fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: ЕК да појасни кој и како им се заканувал на амбасадорите

-

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска од Европската комисија побара да прецизира и да појасни кој и како им се заканувал на меѓународните претставници во Македонија и да посочи конкретен пример за тоа.

„Споделувајќи ја загриженоста на Европската комисија, ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува кој и како им се заканувал на меѓународните преставници во Република Македонија и да се посочи конкретен пример за тоа. ВМРО-ДПМНЕ осудува говор на омраза и повици за насилство, а тоа треба да го направат и сите други политички чинители. Споделувајќи ги демократските вредности, очекуваме прецизирање и појаснување за таквите наводи за надлежните институциите поефикасно да превенираат такви случаи“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, денеска изјави дека Европската комисија очекува сите партии на мирен начин да учествуваат во прегласувањето в недела во Теарце и дека очекува сите политички лидери во Македонија да покажат најголема одговорност. Таа нагласи дека ЕК цврсто ја осудува секоја запалива и опасна реторика, „вклучувајќи и таргетирање на претставниците на меѓународната заедница во Скопје“.

Според Коцијанчич, таквата реторика „ја движи земјата уште подалеку од евроатлантскиот пат, кој нејзините граѓани го сакаат и заслужуваат“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во саботата минатата недела, на протестот пред Државната изборна комисија, рече дека извршниот комитет на партијата донел проглас дека „некои амбасадори почнале премногу да се мешаат во внатрешната политика на земјата“ и дека „тоа мора да запре“, како и тоа дека „ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на состаноци и на преговори во кои учествуваат амбасадори или други странски претставници, на кои се носат одлуки за кои одлучуваат претставниците избрани од народот“.

Неколку дена по обраќањето на Груевски, на веб-страницата „Имгур“ се појавија некролози на дел од сегашните и од поранешните амбасадори во Македонија.

На постизборните случувања во Македонија реагираше и американскиот Стејт департмент, од каде изразија загриженост поради „зголемените политички тензии во Македонија по парламентарните избори на 11 декември“ и ја осудија „запаливата реторика од некои политички лидери, која дава дозвола за напади на демократски институции и на амбасадори акредитирани во Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....