fbpx

ВМРО-ДПМНЕ до Брок и до Ковачев: Десоросоизација е од исклучителна важност за Македонија

-

„Обидот за бришење на цел народ преку една срамна декларација е чин за најголема осуда, кој се коси со сите демократски принципи. Македонци во Албанија постоеле и ќе постојат и покрај обидите на европратеникот Андреј Ковачев и негови истомисленици со срамна резолуција да ги прогласат за Бугари“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на писмото на европратениците Брок и Ковачев, кое се однесуваше на активностите на „Стоп операција Сорос“.

„Да се прават обиди за бришење на идентитетот на цел народ е врвен недемократски, срамен и недоличен акт, а во исто време да се изразува некаква загриженост за невладиниот сектор во Македонија е исклучително лицемерно. Позицијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на улогата на невладините организации под контрола на Џорџ Сорос е кристално јасна“, стои во реакцијата.

Од партијата наведуваат дека Институтот „Отворено општество“ го узурпирал и го уништил невладиниот сектор во Македонија и оти целиот потенцијал го ставил во функција на една политичка опција, злоупотребувајќи ги сите ресурси што им стојат на располагање.

„Срамно се кренаа против процесот на лустрација кој беше дел од исправањето на неправдите од црното комунистичко минато. Редовно се спротивставуваа на сите мерки што ги носеше владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а кои значеа приближување кон европските вредности. Од друга страна редовно ги поддржуваа или ги премолчуваа, зависно од потребите, сите активности на СДСМ, вклучувајќи го и периодот кога партијата беше на власт и кога се случија шверцот и кршењето на ембаргото, што беше спротивно на заедничката политика на ЕУ“, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека секогаш се залагале за европските демократски принципи и дека интеграцијата во ЕУ и во НАТО останува и понатаму еден од приоритетите.

„Во однос на писмото, јасно сакаме да укажеме дека е упатено на погрешна адреса. Намерно или не, Ве дезинформирале околу поврзаноста на движењето СОС и на ВМРО-ДПМНЕ. Ве охрабруваме сите забелешки и сугестии, како и одговори на Вашите прашања, да ги упатите на соодветна адреса. Сигурно ќе дознаете сè што Ве интересира. Впрочем, движењето СОС изнесе многу интересни податоци за партиско-политичкото узурпирање на граѓанскиот сектор од СДСМ и од Сорос“, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ изразија надеж дека писмото е производ на искрена грижа за Република Македонија, а не, како што велат, некакво одработување за невладините организации под контрола на Сорос.
„Јавноста во Македонија ќе биде особено убедена во тоа доколку ја осудите срамната декларација со која Македонците во Албанија се опишуваат како Бугари и доколку се признае и прифати македонското малцинство во соседна Бугарија. Процесот на десоросоизација е од исклучителна важност за Република Македонија, бидејќи само така може да се даде шанса на вистинскиот невладин сектор кој е неопходен на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...