Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека партијата денеска поднела иницијатива за распуштање на Собранието на 12 февруари.

-Ги повикуваме сите политички партии во државата вклучително и СДСМ да се приклучат на иницијативата и да ја поддржат и на 12 февруари како што беше планирано да се распушти Собранието – одговори Мицкоски на новинарско прашање по денешната средба во Стопанската комора на Македонија.

Тој остана на ставот дека квалитетен Закон за јавно обвинителство можат да направат само експертите и нагласи дека партијата нема да го поддржи предлогот кој е во собраниска процедура, бидејќи е се само не е таков каков што треба да биде.