fbpx

ВМРО-ДПМНЕ бара можност да избере јавен обвинител

-

На синоќешниот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против „неправдите, реваншизамот и политичкото насилство“ претседателот Христијан Мицкоски упати четири барања од партијата. Поради тоа што, како што рече:„судството и обвинителството се инструменти на мафијата и се клекнати на колена“, се бара да биде исполнето претходно даденото ветување до ВМРО-ДПМНЕ и да и се даде можност на опозицијата да предложи независен и непристрасен јавен обвинител. Тој, како што рече Мицкоски: „ќе го исече од корен криминалот почнувајќи од првото дело, па сè до завршувајќи го последното. Без разлика на политичката припадност“.

„Ова не би требало да биде пречка за Заев, затоа што истото го предлагаше пред да дојде на власт“, рече Мицкоски во говорот на синоќешниот протест.

ВМРО-ДПМНЕ исто така побара под итно да се спречи реваншизмот, притисоците и политичките етикетирања во администрацијата, војската, МВР, а на сите врз кои им е нанесена неправда, без оглед на припадноста и политичката ориентација, ВМРО-ДПМНЕ ќе им понуди бесплатна правна помош.

„Обратете се до нас, до нашиот тим на адвокати и правници, оние кои решија да волонтираат за вас, да ви помогнат за да и ставиме крај на мафијата“, посочи тој.

Третото барање на опозицијата е најитно да се формира комисија за заштита од дискриминација и да се донесе новиот закон за заштита од дискриминација. И четврто, сите предмети каде се почувствувани неправда, притисок, уцена и реваншизам, предмети за криминал, да бидат отворени и предмет на ревизија.

„Не може да има владеење на правото, ако не се откријат имињата на сите оние кои што се инволвирани во Рекет 1, Рекет 2 од прв до последен да одговараат за тоа што сториле“, посочи Мицкоски.

Инаку, Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ во понеделникот избра нови членови во извршниот комитет на партијата, при што најголем дел се стари членови, а како нови во овој партиски орган се Вело Марковски, Антонио Милошоски и Рашела Мизрахи.

Од функцијата генерален секратер се повлече Игор Јанушев, од засега непознати причини, кои според изјава на Мицкоски, биле лични.

Новите членови на извршниот одбор се: Владо Мисајловски, Александар Николоски, Иван Иванов, Никола Мицевски, Сергеј Попов, Гордана Димитриевска- Кочоска, Рашела Мизрахи, Стефан Андоновски, Никола Мицевски, Дафина Стојановска, Вело Марковски, Трајко Славевски, Влатко Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Марија Андоновска, Олга Лозановска, Кирил Пецаков и Антонијо Милошоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...