ВМРО-ДПМНЕ бара локални и парламентарни избори за излез од кризата

-

Помина еден месец од незаконскиот обид пратеникот Талат Џафери да биде избран за Претседател на Собранието на Република Македонија. Помина еден месец од флагрантното кршење на Деловникот, законите и Уставот од страна на СДС и нивните партнери, вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

-Дали свесно се одеше на провокација и инциденти, кога целата јавност гледа дека веќе еден месец собраниското мнозинство не покажува никаква намера за Собранието да почне да работи. Поминаа две недели откако партиите се согласија локалните избори да се одржат на 15 октомври. Во сето ова време, ниту се одблокираше Собранието, ниту прават чекори за закажување на локалните избори. За жал целиот овој период парламентарното мнозинство се однесува неодговорно и не покажува никаков интерес за деблокирање на процесите во државата – вели Данев.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат локалните избори да се распишат час поскоро, а заедно со нив бараат да се одржат и нови предвремени парламентарни избори за излез од кризата.

Лесна заработка, тешки последици – како функционира онлајн пирамидалната шема „Конти“?

„Забавна платформа што ја интегрира филмската продукција, социјалната интеракција и фантастичното искуство. Концептот е 'гледај за да заработиш', со тоа што членовите заработуваат преку гледање промоции на филмови, трејлери...