fbpx

ВМРО-ДПМНЕ апелира судот да не подлегнува на притисоци и на закани

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска упати апел до судот да не подлегнува, како што стои во соопштението, на притисоците и на заканите кои се вршат, а во врска со обвиненијата што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против високи функционери на партијата и поранешни министри, помеѓу кои е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски.

Од партијата повторно нагласуваат дека со работата на СЈО се прави „единствен атак врз ВМРО-ДПМНЕ, со цел нејзина политичка елиминација за конечно слабеење на Македонија и исполнување на плановите на оној кој го смислил цело ова сценарио“.

„Целта е стигматизирање и оцрнување на стотина луѓе од ВМРО-ДПМНЕ против кои се води политички процес чија крајна цел е политичка, а никако правна. Она што се случува со СЈО нема апсолутно никаква врска со правото и исклучиво е поврзано со политичките интереси на одредени структури. Апелираме судот да не подлегнува на притисоците и на заканите кои се вршат. Да се држи до словото на Уставот и законите. Воедно за сите што ќе се огрешат кон законите, кои што вршат притисоци и без докази спроведуваат политички атак, укажуваме дека ќе има правда и таа ќе дојде бргу“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, како што најавија од Кривичниот суд, денеска треба да бидат соопштени одлуките на кривичните совети во врска со барањата на СЈО за одредување притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои и за лидерот на партијата и поранешен премиер, Никола Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бројни награди за учениците од „Илија Николовски Луј“ на Меѓународниот фестивал „Полихимниа“

Денеска заврши Меѓународниот фестивал „Полихимниа“, кој деветти пат по ред годинава се одржа во Скопје. Млади музичари, студенти и професионалци од Македонија, секој со својот инструмент и во соодветна...