fbpx

ВМРО-ДПМЕ денеска во Крива Паланка, СДСМ во Битола, а ДУИ во Куманово

-

На 13. ден од изборната кампања, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Кратово во 12 часот, во Пробиштип во 17.30 часот и во Крива Паланка во 20 часот.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе одржи митинзи во Ресен во 17 часот и во Битола, со почеток во 19.30 часот.

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска ќе одржи конференција за медиуми во Тетово за досегашниот тек на кампањата, а претседателот на партијата, Али Ахмети, ќе има средби со граѓаните во општина Чаир. Централниот собир на партијата за денеска е закажан во Куманово.

Носителот на кандидатската листа на коалицијата ВМРО за Македонија во првата изборна единица, Ден Дончев, од 12 до 14 часот ќе има средби со граѓаните на Аеродром, пред трговскиот центар „Бисер“, како и во Кисела Вода.

Карванот на Коалицијата за промени и правда, предводена од Демократскиот сојуз, денеска во 13 часот ќе одржи митинг во Радовиш, а потоа претставници на коалицијата ќе имаат средби со жителите на селата Дедино и Ракитец. Во 17 часот, коалицијата ќе одржи митинг во Конче.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...