fbpx

Владите на Србија и Северна Македонија потпишаа билатерални документи: Во фокус интересот на граѓаните и економиите на двете земји

По средбата на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на која зборуваа за односите меѓу двете земји, прес-службата на Вучиќ соопшти дека двајцата официјални претставници се согласија дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја

-

Денеска во Белград, за време на официјалната посета на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, министрите од македонската и српската влада потпишаа неколку билатерални документи, кои имаат за цел да ги приближат повеќе две земји, нивните економии и народи. Овие документи, како што соопштија од кабинетот на Ковачевски, произлегуваат од договорите на иницијативата за Отворен Балкан.

Еден од документите е меморандумот потпишан помеѓу министрите за внатрешни работи на двете земји се однесува на олеснување и забрзување на протокот на патници и возила на граничниот премин Табановце-Прешево.

Тимовите на министерствата за внатрешни работи, ИТ секторите и граничните полиции, царинските управи и министерствата за транспорт и врски од двете земји работеа неколку месеци на изнаоѓање решенија, со цел да се дефинираат повеќе типови мерки за подобрување на теренската инфраструктура и на моделот на заедничко гранично управување, што ќе го олесни и забрза протокот на патници и возила.

Вториот меморандум, кој беше потпишан, е за проект за вмрежување на системите за електронска наплата на патарините, со цел да се олесни патувањето преку вмрежување на системите за електронска наплата на патарините и да се зголеми ефикасноста на теренската инфраструктура. Со потпишувањето на меморандумот, наскоро сите граѓани на Србија со ТАГ инсталиран уред ќе можат да поминуваат на патарините низ Северна Македонија без да застануваат, а истиот ќе важи и за граѓаните на нашата држава кога патуваат низ Србија.

Третиот меморандум, што беше потпишан денеска во Белград, се однесува на соработка помеѓу земјите во областа на рударството и енергетиката. Со него е предвидено соработка која ќе овозможи размена на знаења, искуства и технологии помеѓу двете земји. А, при тоа, секоја земја ќе има можност да се вклучи во проекти на другата земја и да ги добие пристап до ресурсите на другата земја со што ќе се стимулираат инвестициите во областа на рударството и енергетиката, како и растот на двете земји.

По средбата на премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на која зборуваа за односите меѓу двете земји, прес-службата на Вучиќ соопшти дека  двајцата официјални претставници се согласија дека односите меѓу двете земји се најдобри во модерната историја.

Во својата изјава, претседателот Вучиќ изрази уверување дека постои силна политичка волја за зголемување на соработката меѓу Србија и Северна Македонија во трговијата, туризмот, културата и спортот.  Вучиќ додаде дека Србија е решена да промовира позитивна агенда ориентирана кон иднината во односите во регионот, што може да се види преку нејзината активна улога во иницијативата Отворен Балкан, а со премиерот Ковачевски разговарал за соработката во рамките на таа иницијатива и дополнителните придобивки за граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија.

Премиерот Ковачевски го пофали партнерството меѓу двата народи и рече дека нема повеќе отворени прашања меѓу двете земји.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...