fbpx

Владината комуникациска стратегија дополнета со три нови документи

-

Владата на вчерашната седница го усвои дополнувањето на нејзината Комуникациска стратегија за периодот 2019 – 2020 година, која има за цел на транспарентен начин да информира за владините политики, информираат од владината прес – служба.

„Комуникациската стратегија се дополнува со три документи во делот на кризните комуникации, внатрешните комуникации, како и со осум модули за официјалната обука за воведување во системот на владините комуникации. Со овие документи се дефинираат улогите и одговорностите на кризните и внатрешните комуникации и се поставуваат стандардите и вештините што треба да ги поседуваат владините комуникатори“, се наведува во владиното соопштение.

Извршната власт кон крајот на јуни годинава ја објави „Комуникациската стратегија на Владата на Република Северна Македонија за 2019 – 2020 година“, со која се дефинираат стандардите за отворена комуникација помеѓу неа и јавноста. Во документот се дефинирани правци за професионален развој на владините комуникатори, стандарди за кампањи од јавен интерес, како и етички кодекс за владини комуникатори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...