Фото: acibademsistina.mk

Владиците Агатангел и Петар поради зараза со ковид-19 се хоспитализирани во болницата „Систина“ во Скопје. Засега и двајцата се во добра здравствена состојба.

Владиката Петар е хоспитализиран од 23 март поради превенција од компликации, а Владиката Агатангел бил хоспитализиран една недела по него.

Тие не одговараат на новинарските прашања поради која причина одлучиле да се лекуваат во приватна болница и како што изјави Владиката Петар за Фокус, одговорот на ова пра шање ќе го дадат откако ќе излезат од болница.