fbpx

Владата во Собранието ќе побара повлекување на Законот за високо образование

-

Добивме ветување од премиерот Никола Груевски дека на првата наредна седница на Собранието, ќе се стопираат донесените измени на Законот за високо образование, вели Христијан Давидовиќ, еден од преставниците на „Студентски пленум“, на ненадејната средба во кабинетот на премиерот Груевски.

Од „Студентски пленум“ потврдуваат дека е договорено за една година да се одложи државниот испит за студентите, а за две години да се одложат и останатите законски измени и дополнувања на Законот за виското образование.

– Премиерот Никола Груевски на денешната средба ги прифати нашите барања за мораториум на измените на Законот за високо образование. Се договоривме во најкус можен рок да се формираат работни групи, со сите засегнати страни, кои ќе работат или на подготвување нов закон за високо образование или на измени на постојниот – вели Христијан Давидовиќ, еден од претставниците на „Студентски пленум“ на средбата во кабинетот на премиерот.

Сепак, на официјалните профили на „Студентски пленум“ на „Твитер“ и на „Фејсбук“ се вели:
„Денес ништо не беше договорено, туку премиерот излезе со понуда. Дали ќе се прифати ќе одлучат сите студенти заедно!“

На средбата, освен двајцата преставници на „Студенски пленум“, присуствувале и професорката Гордана Силјановска-Давкова, Министерот за образование, Абдилаќим Адеми, заменик-министерот Спиро Ристовски, ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, двајцата проректори, деканите на Правен и на Економски факултет и повеќе универзитетски сенатори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...