fbpx

Владата со нов закон ќе ги затвора дивите депонии и ќе го зголемува рециклирањето

-

Министерство за животна средина и просторно планирање подготвува Закон за управување со отпадот, со кој би се воспоставил функционален систем за регионално управување со отпад и изградба на регионални депонии, а истовремено ќе се затворат сите нестандардни депонии и ѓубришта.

Во објавата на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) се вели дека новиот закон ќе се овозможи регионално собирање, транспорт, селектирање, рециклирање на отпад, како и третман и искористување, со што ќе се зголеми степенот на заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина, а сето тоа ќе биде чекор напред кон овозможување на циркуларна економија за овој сектор.

Како главна цел на новото законско решение е наведено овозможување подобра контрола врз животната средина од активностите во областа на управувањето со отпадот преку намалување на депонирањето, односно намалени количини на отстранет отпад, а зголемување на преработката и рециклирањето на отпадот, зголемување на вработеноста во индустријата за отпад и обезбедување на поврзан пораст на приходите и БДП-то развивање на циркуларна економија, со што ќе се овозможи поголема искористенот на ресурсите, апроксимација на националното законодавство со европското.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...