Владата со негативно мислење и за МРТ и за нејзиниот финансиски извештај

-

Владата на својата 134. седница дала негативно мислење за годишниот извештај за работата на Македонската радио телевизија за 2018 година, откако такво мислење од неа побарало Собранието.

Ваквиот потег уследил по негативното мислење на Министерството за информатичко општество и администрација, подготвено во соработка со Министерството за финансии. Главниот проблем за негативната оценка е утврдената загутба на ЈРП Македонската радио телевизија во 2018 година, која изнесува 26 милиони денари.

Освен тоа, Владата усвоила мислење дека ЈП Македонска радиотелевизија не ги исполнила професионалните и етички новинарски стандарди за обезбедување уредувачка независност, непристрасност и објективност во информирањето, што произлегуваат од Членот 111 од Законот за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и од препораките од извештаите на ЕУ за реформи за остварување на целосна независност на јавниот радиодифузен сервис.

Освен одлуката на Владата, и Државниот ревизор вчера издаде Конечен извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста за 2017 г. на ЈРП „Македонска радиотелевизија“ – Скопје, кој е крајно негативен.

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се занимава со...

Предупредување за измами од лажни „финансиски советници“ на социјални мрежи

Секторот за внатрешни работи-Тетово ги известува граѓаните дека е забележана зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути. Овие...

Кривична за полицаец, злоупотребил потпис на раководител на полициска станица

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при Министерството за внатрешни работи,  до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела...

Сè уште нема абер од ветените народни канцеларии на претседателката Сиљановска

Сиљановска-Давкова меѓу примарните цели за кои ќе се залага како претседател, ветуваше дека првото што ќе го направи ќе биде враќањето кај граѓаните преку повторно отворање на народните канцеларии. Граѓаните во...

„Шоунен: Херојството кое инспирира“ целодневен настан со фокус на аниме во „Лабораториум“

На 9 декември, со почеток во 14 часот, во просториите на едукативно-културниот центар Лабораториум, ќе се одржи настанот „Shōnen: Becoming The Hero“ во организација на „Пагода“, здружение кое се...