fbpx

Владата се пофали дека објавила документи што со закон е должна да ги објави

-

Владата на својата официјална интернет-страница денеска објави десетици документи и информации кои се однесуваат на работата на Генераниот секретаријат, кабинетот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и на работата на уште неколку министри без ресор.

Од Владата дека велат дека ова е „во насока на зголемување на транспаретноста и на отчетноста“.

„На интернет-страницата на Владата првпат се достапни буџетите од минатата и од оваа година, ревизорски извештаи, планови за набавки, листа на вработени со официјални телефони и е-маил адреси, правилници за систематизација на работните места, правилници за организација, закони и подзаконски акти во надлежност на институциите, листа на информации од јавен карактер, органограм за внатрешната организација, како и календар на настани“,  пишуваат од Владата.

Документите се достапни во категоријата „Информации од јавен карактер“, на веб-страницата, каде стои дека Владата на 34. седница „разгледа и усвои информација што се однесува на листа на акти и материјали коишто министерствата согласно закон се обврзани да ги објават на своите веб-страници“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...