Одлука за прогласување кризна состојба на целата територија донесе Владата, која ќе трае 30 дена, како последица од судир на интереси за користeње на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање на нивниот увоз во државата.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука се активира главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање заради следење на мерките и активностите и координирано дејствување.

Со оваа владина одлука се задолжуваат органите на државна управа да преземат мерки и активности за справување со состојбата и надминување на последицата од судир на интереси за користење на изворите и патиштата на стратегиските енергенси како и попречување и блокирање  на нивниот увоз во Македонија.