fbpx

Владата препорача сите да ја инсталираат апликацијата „Стоп корона!“

-

Препорака да ја инсталираат и мобилната апликација „Стоп корона!“ упати Владата од својата вчерашна седница до сите вработени лица во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции. Истовремено, им укажа на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор, да ја инсталираат оваа апликација.

Истовремено, Владата побара Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија да ги задолжи сите матични лекари на територијата на земјава на своите пациенти да препорачаат инсталирање на мобилната апликација „Стоп корона!“

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) доби задача да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја инсталираат „Стоп корона!“. Исто така, владата го задолжи ова министерство на наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која сите телевизии и радија ќе мора да емитуваат информативни пораки подготвени од Министерството за здравство и Владата во врска со КОВИД-19, во времетраење од 2-3 минути на секој час на радио и телевизиските програми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...