fbpx

Владата пренаменува два милиона евра за замена на нееколошките системи за греење

-

Владата ќе пренамени 121 милиони денари (околу 2 милиона евра) од буџетот за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година. Дополнителните средства од буџетот се наменети за замена на постоечките нееколошки системи за греење во домаќинствата, градинките, основните и средните училишта, здравствените и административните објекти во најзагадените градови со горилници на плин, со АЦ инвертери, ВРФ системи и топлински пумпи, стои во соопштението од секторот за односи со јавност.

Дел од овие средства ќе бидат наменети и за набавка на пречистувачи за воздух за градинките, училиштата и здравствените и административните објекти, како и за инсталирање филтри во малите и средни претпријатија кои испуштаат штетни материи во воздухот, информираат од владата.

Неполни два месеца пред стартот на грејната сезона и повеќе од осум месеци откако беше најавена како стратешки приоритет на Владата за 2019 година, Министерството за животна средина и Владата се уште без информации за тоа како тече реализацијата на Планот за чист воздух за тековната година.

Според информациите кои ги доби „Мета,мк“ од владината служба за информирање на почеток на август, за учество во реализацијата на најавените мерки од Планот за чист воздух досега се пријавиле 19 општини од земјава, а до крајот на месецов требаше да бидат објавени повиците за енергетска ефикасност  и за уредување на зелени урбани површини, како и за инсталирање на филтри во малите и средни претпријатија, особено во оние од дрвна дејност.

За реализација на програмата за 2019 година, според официјалните податоци добиени од владата, првобитно беа предвидени 64.000.000 денари или нешто повеќе од еден милион евра,  при што средствата по општините беше планирано да бидат распределени од 6.860.000 денари максимална до 312.000 минимална, по општина.

Екологистите во повеќе наврати го критикуваа скромниот буџет кој Владата го намени за реализација на Планот за чист воздух, најавен како приоритет.

Денеска во Скопје се одржа и седница на Интерресорската работна група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух, чиј претседател е заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, кој е задолжен од Владата за реализација на Планот за чист воздух.

Според соопштението од Министертвото за животна средина и просторно планирање, заменик министерот информирал за статусот на реализација на мерките и активностите од Програмата за 2019 и ги презентирал новите предлог-проекти за новата програма за намалување на аерозагадувањето за 2020 година, кои ќе бидат систематизирани во четири основни столба, и тоа: административно – управни, техничко – технолошки, мониторинг и здравствен индикатор.                          

                                                                     

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...