fbpx

Владата подготви уште 470 милиони евра за ковид-19 поддршка на економијата

-

Четвртиот пакет економски мерки на Владата за помош на граѓаните и стопанството во кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19 ќе изнесува вкупно 470 милиони евра, објасни премиерот Зоран Заев денеска, презентирајќи го сетот од вкупно 31 мерка.

Зборувајќи за поважните, Заев порача дека ќе продолжи поддршката на компаниите за исплата на плати за последните три месеца оваа година, коишто сега ќе биде потаргетирани и ќе зависат од нивото на погоденоста на фирмите од епидемијата.

-Поддршката ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен – рече премиерот, објаснувајќи дека за поддршка за 250.000 плати, Владата наменува 70 милиони евра. Компаниите што ќе ја добијат помошта мора да ги задржат вработените до крајот на јули наредната 2021 година. Поддршката ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари по вработен, објасни премиерот.

-Со новата методологија за државна помош за исплата на платите ќе бидат поддржани 83.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно вкупно 250.000 плати за последниот квартал Вредноста на оваа мерка изнесува 70 милиони евра за да се оствари правото на неа, компаниите што ќе аплицираат мора да го задржат бројот на вработени заклучно со 31 јули 2020 година.

Оваа мерка важи и за самостојните вршители на дејности, односно трговците поединци, лицата што вршат земјоделска дејност, занаетчиска дејност и лица што вршат други услуги – рече Заев.

Втората мерка е платежна картичка за за поголема потрошувачка во износ од 6.000 денари, а ќе ја добијат 5.726 самохрани родители 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 пасивни баратели на работа, самостојни уметници, како и граѓани над 64 години кои немаат пензија, а се со приходи пониски од 15.000 денари месечно или воопшто немаат приходи.

Оваа мерка е наменета за 280.000 граѓани, а ќе изнесува вкупно 27,6 милиони евра.

Меѓу мерките е и зголемување на грејс-периодот на бескаматните кредити од „Ковид 1“ линијата во траење од три месеци, потоа поддршка со плата на туристичките водичи, поддршка за туризмот преку враќање на туристичката такса за 2019 година во вкупен износ од два милиони евра. Поддршка е предвидена и за угостителските објекти за организирање свадби, игротеките, уметниците…

Новиот пакет е продолжение на претходните три пакета, а целта е да се обезбеди одржливост на македонските економски дејности и работните места, рече премиерот.

Заев за 10, 11 и 12 октомври го најави и викендот без ДДВ.  Секој граѓанин ќе може да пазари домашни производи и услуги во вредност од 30.000 денари за едно лице, притоа можноста за поврат на ДДВ ќе може да се искористи и за компјутери и други ИТ производи.

Откако граѓаните ќе ги скенираат сметките во вредност од 30.000 денари во својата мобилна апликација “МОЈ ДДВ”, по неколку дена на нивните трансакциски сметки ќе им биде целосно вратено ДДВ-то.

-Парите ќе бидат обезбедени делумно со кратења на расходите на Буџетот, кои не се најитни, а дел се кредити – рече Заев.

Заедно со претходните три пакети мерки, вкупната помош надминува 1 милијарда евра насочени кон граѓаните, работниците и стопанството со цел да се одржи стабилна економијата и со потенцијал за ревитализација, порача премиерот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...