Владата планира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром

За да може Скопје да обезбеди летови до САД, ќе мора да помине на ревизија од американските власти

-

Македонската влада планира во иднина да воведе интерконтинентални летови од Меѓународниот аеродром Скопје, објави порталот exyuaviation.com. Како што пишува во нивната објава, министерот за транспорт и врски Александар Николоски, изјавил дека веќе почнале да работат на тоа и свесен бил оти е тоа голема амбиција.

„Владата има планови да организира интерконтинентални летови од скопскиот аеродром, што ќе биде единствен случај не само за земјата, туку и во регионот. Веќе почнавме да работиме на тоа и верувам дека е голема амбиција, но ќе имаме голема корист од тоа. Ова ќе биде од големо значење за целата земја бидејќи имаме голема дијаспора која сака да лета нон-стоп од Скопје, но исто така ќе помогне да се привлечат туристи не само во нашата земја, туку и во регионот“, истакна Николовски.

Тој не прецизира како ќе се воспоставуваат летови на долги релации од Скопје. Во 2017 година, тогашната македонска Влада разговараше за воведување летови од Скопје до САД и Канада со извршниот директор на Туркиш ерлајнс, Билал Екси. Македонија и Турција имаат договор за отворено небо и со Соединетите Американски Држави и со Канада кој дозволува турски авиопревозник да лета до овие дестинации. Но, за да може Скопје да обезбеди летови до САД, ќе мора да помине на ревизија од американските власти.

Дополнително, нејасно е дали македонските аеродроми имаат капацитет и ги исполнуваат условите за прекуокеански летови.

Николоски ваквата изјава ја дал на годишната конференција во организација на Меѓународната федерација на асоцијации на контролори на летање која деновиве се одржа во Скопје.

Светските лидери му ја честитаа победата на Доналд Трамп

Светските лидери му ја честитаа победата на идниот претседател Доналд Трамп по победата на претседателските избори во САД, кој наскоро ќе се врати во Белата куќа по четири години. Претседателот...