Владата денес соопшти дека е отворена телефонска линија за сите повредени и нивните семејства по трагедијата во Кочани. Телефонот 070/355-526 е активен и служи за директна комуникација со Канцеларијата на претседателот на Владата.
Преку овој број, граѓаните може да се јават, да постават прашања, да побараат помош или да кажат што им е потребно.
Владата најави и дека одморалиштето Пониква ќе се користи како центар за рехабилитација на повредените. Објектот има 27 соби и 56 легла, и ќе биде обезбеден медицински кадар за целосна нега.
„Никој нема да биде заборавен“, порачаа од Владата, нагласувајќи дека нивен приоритет е здравствената грижа и закрепнувањето на сите повредени.
Владата апелираше до политичките партии да се воздржат од, како што беше посочено, „некрофилија“ и да дозволат институциите да го водат процесот до целосна разрешница.