Владата одобри набавка на 120 еколошки автобуси, 80 ургентни во Скопје останатите по потреба

Фото: ЈСП Скопје

На денешната седница Владата ја усвои информацијата од Министерството за транспорт и врски за потребата од нови еколошки автобуси за јавен превоз.

Како што соопшти Владата, според предвидените финансиски средства, ќе се набават 120 автобуси, од кои 80 ќе бидат наменети за ЈСП-Скопје, а останатите 40 ќе се распределат според економската оправданост и потребите на општините.

„Набавката на еколошките автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и намалување на загадувањето на воздухот во општините, одржлив развој и заштита на животната средина“, соопшти Владата.