fbpx

Владата одлучи угостителските објекти од четврток да работат до 21 часот

-

Од четврток, 21 јануари се продолжува работното време на угостителските објекти кои наместо до 18 ќе работат до 21 часот, соопштија од Владата, откако се разгледани епидемиолошките насоки.

Со оваа одлука завршува и вонредното ограничување на работното време во угостителските објекти на бензиските пумпи, како и за гостите сместени во хотелите, мотелите, хостелите и останатите сместувачки капацитети, при што истите ќе можат да работат со редовното работно време утврдено со законот за работа на овие угостителски капацитети.

Министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи објави дека следната недела откако ќе се анализира епидемиолошката состојба во земјата, можно е дополнително олабавување на мерките, односно работното време на угостителските објекти да биде до 23 часот.

Претходниот месец, во периодот од 18 декември до 21 јануари беа усвоени нови рестриктивни мерки, меѓу кои и угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, со цел да се избегне ширење на корона вирусот и зголемување на бројот новозаразени случаи во престојниот период на празници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...