fbpx

Владата одлучи полицискиот час преку недела да почнува од 19, а за викенд од 15 часот

-

Владата на својот фејсбук-профил информираше дека почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

„Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот,“ информираат од Влада.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

„Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот,“ додаваат од Влада.

На денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски информираше дека паралелно со зголемување на бројот на часови за движење, се заоструваат мерките во однос на носење на заштитна опрема.

Па така, обврска на граѓаните е да носат заштита на лицето, како маска, марама или шал, задолжително на отворен простор каде што не може да се одржи дистанца од два метри помеѓу луѓето, како што е на пазарите.

Задолжително маска треба да се носи и во маркетите, во банките, во јавниот превоз, во поштите.

Заштитните маски не мора да се носат, при спортување, возење на велосипед, во автомобил кога во него се членови на семејството кое живеат заедно. Забраната за групирање на повеќе од двајца, исто така останува на сила.

Спасовски информираше дека по првомајските празници ќе се одлучува дали децата ќе се враќаат на училиште.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...