Владата на редовната трета седница го утврди новиот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција, и донесе одлука предлог законот да го достави на усвојување до Собранието.

„Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се доуредува класификацијата на работните места во Управата за финансиска полиција, постапката за вработување и постапката за селекција за засновање работен однос, како и другите права и обврски на вработените, односно на овластените лица финансиски полицајци. Со ново предложените одредби за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција се зајакнуваат капацитетите на Управата за финансиска полиција согласно „планот 3-6-9“ на Владата во областа борба против организиран криминал и корупција кој предвидува зајакнување на Финансиската полиција и формирање на меѓу институционална рамка со зајакната рамка за спроведување истраги и конфискација на имот на постситематска и функционална основа,“ се вели во соопштението на Владата.