Владата ќе воведува кар-шеринг во три скопски општини со 100 електрични возила

Во Скопје, споделувањето на автомобили на словенечката компанија „Авант кар“ ќе започне во февруари, со пилот проект во кој ќе учествуваат компании, општини и владата, а од март и граѓаните и тоа во општините Аеродром, Чаир и Гази Баба

-

Додека скопјани мака мачат со јавниот транспорт и загадувањето на воздухот, владини министри најавуваат партнерство со словенечката приватна компанија „Авант кар“, која од пролет ќе пушти во употреба 100 електрични возила како систем за заедничко користење (car-sharing) во три скопски општини. Ова го најавија министрите за животна средина и за енергетика, Изер Меџити и Сања Божиновска пред почетокот на 2025 година кога ќе се одржат локални избори.

Според нив, целта на ваквиот потег била граѓаните, компаниите и јавните институции да имаат зелена опција за транспорт со која бар дел од нив своите возила ќе можат да ги остават дома и придонесат за пониско аерозагадување, помалку сообраќаен метеж и повеќе паркинг простор. Најавено е оти споделувањето на електрични возила најпрво ќе функционира во само три општини, Аеродром, Чаир и Гази Баба.

Изет Меџити како министер за животна средина и просторно планирање, и Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини, денеска во Владата потпишаа писмо на намери за поддршка на ваквиот проект.

На настанот во владата беше најавено оти системот „Авант2го“ ќе функционира преку мобилна апликација која ќе се користи за да се најде, резервира, отклучи и заклучи возилото. Самите возила ќе биле лоцирани на определени паркинг места, кои ќе треба да се на растојание од околу 300 до 500 метри. Граѓанинот по изнајмувањето на возилото ќе треба да го врати на овие определени места. Плаќањето ќе се врши со картичка или други дигитални начини.

Според Матеј Чер, претставникот на компанијата „Авант кар“ од Словенија, „системот функционира на принципот на самопослужување кое е отворено 24 часа, се плаќа по минута и поминат километар, а горивото е вклучено во цената“.

Фото: Мета.мк

Кар-шерингот во Скопје треба да започне во февруари со пилот проект во кој ќе учествуваат компании, општини и владата, а од март и граѓаните. Според искуството на комапнијата од спроведувањето на кар-шеринг системот во Љубљана, едно елекрично возило кое се споделува, заменува десет до 15 возила кои се сопственост на граѓаните.

Цената, според Чер, ќе се формира во февруари, но се очекува едно возење, на пример, од центарот на Скопје до аеродромот да чини меѓу десет и 15 евра. Според него, целта е цената да биде пониска од такси превозот, но не и да му биде конкуренција.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска смета дека сообраќајниот метеж, загадувањето на воздухот и употребата на фосилни горива не се нешта на кои треба да се прилагодиме, туку дека треба да ги промениме и да создадеме почиста и поодржлива иднина.

„Треба да ги поддржуваме иновативните начини за обезбедување на зелен транспорт кои користат обновливи извори на енергија. Овој систем не е само модерен начин на транспорт, туку и доказ за нашата амбиција да ја усогласиме технологијата со одржливоста. Истовремено на луѓето им обезбедуваме почист воздух, го намалуваме сообраќајниот хаос и овозможуваме модерен и достапен транспорт за сите“, рече Божиновска.

Според вицепремиерот Меџити денешното потпишување на писмото за намери е конкретна акција за надминување на еден од најголемите предизвици во градот, загадениот воздух.

„Целта е директно да влијаеме и да ги намалиме емисиите на јаглероден диоксид, а на граѓаните да им обезбедиме поекономичен транспорт без компромиси за животната средина. Верувам дека овој систем ќе биде пример и за другите градови во земјата“, рече Меџити.

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна најава досега...

Норвешка туристка алармира за нехумани услови во Скопската зоолошка градина

Норвешка туристка, Елена Хаген Мокошеин, испрати писмо до редакцијата на Мета.мк, заедно со фотографии, при што детално опишува сериозни пропусти во грижата за животните и недостиг на основни стандарди за нивна...

Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул и повреди повеќе од 150 лица

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди регионот на Истанбул во Турција. Епицентарот на земјотресот во Турција е соопштено дека е на длабочина од 12 километри,...

Трејдинг за сиромашни – од живот без шеф до кампања за регрутација

Сѐ почнува со кратко видео: млада девојка во Дубаи, со лаптоп во скут и плажа во позадина, вели дека работи за себе, нема шеф и живее од тргување на берза. „И...

Трамп го обвини Зеленски дека го загрозува мировниот договор

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го загрозува, како што тој го нарече, мировниот договор за завршување на војната во Украина, и даде најјасна...