Владата ќе префрли 6 милиони евра на АД ЕСМ за да се покријат трошоците за парно греење во Скопје

-

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска потврди дека државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе добие 6 милиони евра од владата за да се покријат плаќањата на трошоците што произлегуваат од разликата меѓу реалната цена и постојната цена за парното греење на корисниците во Скопје.

Тој додаде дека овој износ е проекција на АД ЕСМ, нивната подружница ЕСМ-Енергетика која обезбедува парно греење во општина Гази Баба и Регулаторната комисија за енергетика. Бектеши објасни дека обезбедените средства од државата се во согласност со постојните берзански цени на природниот гас за јануари.

„Ќе видиме како ќе се движат и фјучерсите посебно за месеците февруари и март и откако ќе имаме понуди секако дека може тоа да биде и помалку, а може да биде и поголема цената што ќе не чини“, информираше министерот Бектеши во однос на сумата што ќе биде потребна од државниот буџет за да се покријат трошоците за парно греење.

Инаку, АД ЕСМ од денеска го презеде управувањето со производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија на речиси 60.000 корисници во Скопје. Покрај со подружницата Енергетика, државната компанија ќе управува и со БЕГ и АД Скопје Север откако владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија.

Потрошувачите во Скопје од овој месец добиваат за 14 отсто повисоки сметки за топлинска енергија на месечно ниво, откако цените на природниот гас во изминативе месеци достигнаа енормно зголемување на европските берзи. БЕГ преку соопштение се огласи дека од 15 јануари нема да може да врши снабдување со топлинска енергија до корисниците, поради тоа што немаат можност да ги покријат финансиските средства за набавка на гас без државна помош.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...