fbpx

Владата ќе одлучува за евакуација на нашите жители од Украина и ќе разгледува санкции кон Русија

-

Владата на Република Северна Македонија на денешната 17-та редовна седница ќе расправа за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ кон Русија и евакуација државјаните на Северна Македонија.

„На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки“, соопштија од Владата на РСМ.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и Информацијата за потребата од обезбедување сместување на државјани на Северна Македонија и членовите на нивните семејства по нивната евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11:00 часот, јавноста ќе биде информирана веднаш по нејзиното завршување.

Вчера од македонската влада упатија уште еден повик до македонските државјани кои се наоѓаат во Украина веднаш да ја напуштат земјата.

Министерството за надворешни работи исто така доби задолжение да обезбеди потребни услови за евентуална евакуација на 30 македонски државјани кои се дел од мониторинг мисијата на ОБСЕ во Украина.

Премиерот Димитар Ковачевски предходно, во телефонски разговор со украинскиот премиер Денис Шмигаљ, ја осуди одлуката на Руската федерација за признавање на украинските региони Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики”.
Ковачевски истакна дека Северна Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, додавајќи дека како и останатите НАТО сојузници, се приклучува кон повикот до Москва на решавање на конфликтот преку мирен и дипломатски пат.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...