fbpx

Владата ќе побара да не се оценува уставноста на членот 175 од Законот за телекомуникации

-

Владата на денешната 31. седница, врз основа на заедничкото мислење на Министерство за информатичко општество и администрација подготвено во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за законодавство, донесе предлог Уставниот суд да донесе решение за запирање на постапката за оценување на уставноста на членот 175 од Законот за електронски телекомуникации, усвоена на 21 јуни 2017 година.

„Согласно ова мислење, членот 175 од Законот за електронски комуникации воопшто не навлегува во постапката за следење на комуникациите, затоа што според амандманот 19 од Уставот, само врз основа на одлука на суд, под услови и во постапка утврдена со закон, може да се отстапи од правото на неповредливост на комуникациите. Оттука, според ова мислење усвоено од Владата на РМ, Законот за следење на комуникациите може да биде предмет на оценка во однос на неговата уставност, но не и членот 175 од законот одделно“, стои во соопштението од Владата.

Членот 175 ѝ овозможува на Управата за безбедност и контраразунавање (УБК) директно да прислушува преку телекомуникациските оператори.

Уставниот суд во јуни донесе одлука да поведе постапка за утврдување на уставноста овој член, откако мнозинството судии на седницата изразија сомнеж дека како што е уреден Законот, преку членовите 168 и оспорениот 175, на УБК и на МВР им се овозможува произволно и неконтролирано следење на комуникациите преку телекомуникациските оператори.

Судот требаше да донесе конечна одлука на седницата на 27 септември, но одлучувањето беше одложено бидејќи судот работи во скратен состав и нема мнозинство за донесување конечна одлука, откако на 31 јули на судијата Исмаил Дарлишта му истече деветгодишниот мандат, а на 7 октомври мандатот им истече и на судијките Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова.

Инаку, укинување или измена на членот 175 од Законот за електронски комуникации е и една од препораките во извештаите на германскиот експерт, Рајнхард Прибе, оној од 2015 година и последниот од годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...