Владата на 36. седница донесе одлука за укинување на забраната за авионските летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија која важеше до крајот на 2020 година, како и задолжителната мерка за самоизолација на патниците што доаѓаа од овие дестинации во рок 14 дена, информираат од таму.

На Главниот координативен кризен штаб на 21 декември беше усвоен заклучок за нови рестриктивни мерки односно забрана за летови од нашата земја од и кон Велика Британија до крајот на годината.

Пред десетина дена голем број на европски земји ги откажаа летовите од Велика Британија поради мутираниот ковид-19 кој побрзо се шири.