Владата одлучи да ја продолжи кризната состојба за уште нови две недели, информираше премиерот Христијан Мицкоски и нагласи дека ќе има нова седница на која ќе се одлучува и да се задржи ДДВ на горивата на 10 отсто. Тој најави дека ќе се следат и цените на нафтата на берзите и врз основа на нив и ќе се утврдува и висината на намалувањето на акцизата.

Мицкоски информира и дека државните резерви со нафта се полни, а во следниот период ќе продолжи и попустот што го дава ОКТА. Тој посочи очекува цените на горивата во следниот период да останат стабили или да се намалуваат за одреден процент.

„Цената на горивата се пресметува по формула кога ќе затворат берзите и како индикатор можеме да знаеме што да очекуваме како одлука на Регулаторната комисија. Очекуваме дека следната недела најмалку да останат истите цени на горивата или да се намалат за некој процент, според состојбата на берзите во моментот“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека од почетокот на кризата не се користени државните резерви на нафта, а снабдувањето е стабилно. Мицкоски вели дека побарувачката не се намалува, а има и денови кога се продаваат над 2 милиони литри, на македонски граѓани, но и на граѓани на соседните земји, каде што горивата се со повисоки цени.