Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Според владината портпаролка Митева, програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за 2024 – 2028, секој дизајниран да одговори на итните предизвици – обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеењето на правото

-

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни работни места, модернизирање на образовниот систем и забрзување на дигиталната трансформација на јавните услуги.

Со овие зборови, портпаролката на Владата, Марија Митева, денес ја најави владината Програма за работа за 2025 година, која беше донесена на 45-тата владина седница.

Според Митева, програмата е во функција на остварување на стратешките приоритети за 2024 – 2028, секој дизајниран да одговори на итните предизвици – обновување на довербата во институциите, ефикасната борба против криминалот и корупцијата, владеењето на правото.

„Содржината на оваа Програма е поделена по тематски подрачја и е поделена по динамика  по месеци за секој приоритет, што уште еднаш ја потврдува нашата посветеност на транспарентност и на предвидливост којашто можат да ја имаат граѓаните, да знаат што можат да очекуваат. Се разбира во минатото, многу од проектите беа одложувани, што уште еднаш потврдува дека оваа Програма има за цел да даде навремена испорака и мерливи резултати“, рече владината портпаролка.

Таа наброја дел од над 120 предлог-законски решенија предвидени во Програмата за работа на Владата за 2025 година, а ги издвои предлог-законите за управување со движење на предметите во судовите, за судска и јавна обвинителска служба, за изменување и дополнување на Законот за спречување на корупција и судир на интереси.

„Во вториот дел пак, кој се однесува на работата на Владата и на акти и материјали коишто ги носи Владата, опфатот е поширок на сите сегменти, би го споменала делот на образованието  како што се реконструкција на училишни објекти, годинашниот буџет е за 6 милијарди денари повисок од оној којшто беше во минатата година или вкупно е 38 милијарди денари. Зголемени се блок дотациите кон општините затоа што ќе се прави покачување на платите на вработените во образованието веќе од месец март за 7% проценти“, изјави Митева.

Таа додаде дека повисоки плати од овој месец ќе добијат вработените во високообразовните установи и тоа наставниот кадар за 14 отсто, а ненаставниот кадар за 8 отсто.

Со ова, рече Митева, Владата очекува ова „јакнење на економската стабилност“ да биде стимул за дополнителна заложба кон поквалитетно образование.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...