fbpx

Владата и угостителите ќе бараат заедничко решение за засегнатите во дејноста прослави и свадби

-

Владата одржа состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, на ноќните клубови и на дел од музичарите од естрадата, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.

„Дијалогот е започнат, заедничка цел е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови на зголемување на бројот на заболени, а во исто време да се најде заедничко решение за намалување на економската штета на сите засегнати во дејноста прослави и свадби, која е меѓу најпогодените,“ напиша Заев.

Во следниот период, угостителите до Владата ќе достават конкретни предлози за решенија, после што истите ќе бидат разгледани од стручните тела од економски и од здравствено-епидемиoлошки аспект и ќе следат дополнителни работни средби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.