fbpx

Владата го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО

-

Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот за степенот на реализација на препораките и преземените активности за зачувување на статусот УНЕСКО – Светско наследство на природното и културното наследство во Охридскиот регион, информираат од владината прес – служба. Ваквиот чекор доаѓа на неколку дена пред 1 февруари како краен рок што УНЕСКО ѝ го зададе на владата за да го достави документот во кој треба да се наведе напредокот во исполнувањето на препораките.

Од владата соопштуваат дека земјава останува цврсто посветена на зачувување на статусот на Светско наследство за Природното и културно наследство во Охридскиот регион.

„Во текот на извештајниот период е донесен Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион (2020-2029) и е спроведена и Стратегиска оцена на влијанијата врз животната средина и културното наследство. Земјата исто така изработи инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Охридскиот регион со што се остварени предусловите да се премине на изработка на Оценка на влијанието врз животната средина (ОВЖС) и Оценка на влијание на културното наследство (ХИА)“, се вели во владиното соопштение.

Дополнително, од владата потсетуваат дека е отпочната санацијата и рехабилитацијата на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за што се обезбедени преку 4 милиони евра средства од државниот буџет за изведување на работите, и продолжен е проектот за пренасочување на течението на реката Сатеска.

Од седницата на владата денес произлезе и заклучокот со кој Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам се задолжува да изврши надзор над изградбата на градби од прва категорија на подрачјето на општините Охрид и Струга, и да провери дали градежните инспектори ги извршуваат своите обврски согласно Законот за градење, како и да достави за сето тоа информација до владата до наредната седница.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...