fbpx

Владата го усвои буџетот за 2019, дополнет со амандмани за повеќе пари за животна средина

-

Владата на денешната 109. седница, го усвои дополнетиот предлог – буџет за 2019 година, усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од комисиската расправа за буџетот во Собранието.

„Согласно амандманите кои дојдоа од владејачкото мнозинство и од опозицијата во собраниската амандманска расправа, во предлог-буџетот за 2019 година се направени дополнувања на буџетски износи во програмите за заштита на животната средина, со фокус на мерките за почист воздух, на локалната инфраструктура и на програмите за развој на планските региони, како и на зголемување на буџетската поддршка за работата на дел од министерствата, агенциите, управите и други органи на државната управа“, се вели во соопштението од Влада.

Соодветни интервенции по собраниската амандманска расправа за дополнителни буџетски износи се направени и за дел програмите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

„На денешната седница на владата се утврдени и насоките за нивелирање на платите во културата за што активностите треба да започнат од јануари 2019 година, согласно буџетската динамика во претстојната година“, се додава во соопштението.

Вкупните приходи на буџетт за 2019 година се планираат на ниво од 210,8 милијарди денари, а расходите се планирани на ниво од 228,5 милијарди денари. Вака планираните приходи и расходи резултираат со намалување на буџетскиот дефицит на ниво од 2,5 проценти од БДП или 17,7 милијарди денари во апсолутен износ.

Планираниот дефицит е во согласност со Фискалната стратегија на Македонија 2019-2021, која на денешната седница на Владата беше усвоена како информација и која заедно со конечниот дополнет предлог за буџет за 2019 година, ќе се испрати на усвојување во Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...