fbpx

Владата го укина Законот за зелените пазари и им ги врати спортските сали на општините

-

На 169. седница Владата го усвои предлог – законот за престанување на важноста на Законот за трговија на зелени пазари.

„Потребата за донесување на овој закон со кој престанува да важи Законот за трговија на зелените пазари е предизвикана од неисполнувањето на очекувањата утврдени во одредбите на Законот за трговија на зелените пазари кои предизвикаа социјални, даночни и фискални последици за трговците на зелените пазари. Како резултат на реакциите од страна на граѓаните што на пазарите вршат трговија на мало, Владата донесе нов закон за да престане со важност Законот за трговија на зелени пазари“, информираат од Владата.

На истата седница Владата донесе одлука спортските сали Партизан и Расадник да им бидат вратени на Општина Карпош и на Општина Кисела Вода, спортската сала во Радовиш, како и спортската сала во Куманово и други спортски објекти во овој град, да им бидат вратени на Општина Радовиш и Општина Куманово.

„Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура“, се додава во соопштението на Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гореле диви депонии во Желино и Боговиње

Две диви депонии синоќа гореле во Полошкиот регион. Според информациите од Центарот за управување со кризи се случиле два пожари на отворен простор во последното деноноќие, во атарот на...