fbpx

Владата го продолжи работното време на угостителските објекти, а ги скрати парите за партиите

-

На вчерашната 70-тата седница, Владата донесе неколку одлуки, меѓу кои и тргање на ограничувањето на работното време на кафетериите и рестораните до 22 часот, па откако одлуката ќе биде објавена во „Службен весник“, угостителските објекти ќе почнат да работат по нормалното работно време одредено во нивните лиценци за работа.

На предлог на Министерството за правда, драстично се скратени парите за политичките партии за годинава, односно тие ќе добијат околу четири милиони евра помалку, а ќе им остане да поделат еден милион евра. Со намалување на износот од од 0,15 отсто од буџетот на 0,004 отсто, се добива сума која ќе биде пренаменета во буџетот за справување со последиците од пандемијата.

Донесени се и некои други одлуки за различни области со кои се продолжуваат некои од мерките за вонредната состојба, како и некои здравствени програми, меѓу кои и таа дека на родилките или посвоителките на кои породилното отсуство им завршило по отпочнување на вонредните мерки на 11 март, а пред 17 март, кога е воведена вонредната состојба, ќе им се продолжи отсуството сè до завршување на времените мерки за ковид-19.

Исто така, владиниот кабинет ја усвоил Програмата за измена и дополнување на Програмата за ретки болести, со што за оваа цел годинава се наменуваат 522 милиони денари.

Владата ја усвоила информацијата за надградба на порталот „Отворени финансии“ со објавување на трансакции на Единиците на локална самоуправа (ЕЛС) и нивните буџетски институции, односно таму наскоро ќе може да се видат и трансакциите што ги прават општините.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy paid course
download huawei firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy paid course