fbpx

Владата го повлече законот за Охридско Езеро и препорача мораториум за градење

-

Владата на вчерашната 146-та седница донела одлука да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и упатила препорака на општините од регионот да прогласат мораториум на градежните активности сè до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство.

Како што се вели во соопштението, на седницата владата уште еднаш ја потврдила определбата за зачувување на статусот на Охридскиот регион како светско наследство впишано во листата на УНЕСКО.

Истовремено, владата им препорачува на општините Охрид и Струга, во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврските од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Овие министерства, од Владата биле задолжени да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО од 43-тиот состанок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во Баку, Азербејџан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...