fbpx

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Грција

-

Владата го осудува говорот на омраза за жртвите во пожарот во Атина на социјалните мрежи, одговори денеска порптаролот на Владата, Миле Бошњаковски на новинарско прашање, дали ќе се покрене одредена постапка против тие лица.

– Изразуваме жалење за жртвите во Грција. Говорот на омраза не е прифталив за Македонија како модерна држава чии што аспирации се членство во НАТО и ЕУ- одговори Бошњаковски.

На редовната прес-конференција во Владата тој беше прашан дали од Владата ќе побараат оставка од вицепремиерот Кочо Анѓушев за случајот со грантот од Фондот за иновативност и технолошки развој, на што Бошњаковски одговори дека Основното јавно обвинителство има оформено предмет и доколку има неправилности ќе има одговорност согласно законските прописи.

Во врска со актуелните политички процеси по лидерската средба, тој додаде дека сега тие се случуваат во Собранието и дека нема ништо ново од она што лидерите го соопштиле по средбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...