Владата на четвртата седница го донесе Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029), со акционен план, со кој се обезбедува имплементација на сите препораки на УНЕСКО.

„Во Планот се прецизираат забранетите активности во соодветните заштитни зони и се утврдија идните специфични планови и истражувања што се неопходни за обезбедување на одржливиот развој на подрачјето на доброто.Со предложените мерки ќе се зајакне институционалниот капацитет за одржливо управување на заштитетното светското природно и културно наследство во Охридскиот регион“, се вели во соопштението на Влада.