fbpx

Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори

-

На 14.седница Владата донесе одлуки за именување директори, в.д. директори и членови на Управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва во сопственост на Владата.

„На овие одлуки им претходеше исцрпен процес на интервјуа и разговори за да се идентификуваат и прифатат соодветни кадровски предлози кои ќе ги исполнат критериумите и обврските што произлегуваат од усвоена владина програма, и кои се пред сѐ стручни и компетентни во областите за кои се именуваат.Станува збор за еден дел именувани како „вршители на должност“, на позициите на кои претходните директори поднеле оставки, додека за еден дел јавни претпријатија и државни агенции не е извршено именување со оглед на фактот што на актуелните директори им тече тековниот мандат. За сите позиции за кои се назначени в.д. директори ќе следат огласи со цел избор на директори со целосен мандат,“ велат од Влада.

Согласно ова образложение, Владата констатира дека на директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија му е завршен мандатот и донесе заклучок истиот да не биде продолжен, туку да биде објавен Јавен оглас за именување нов директор на Агенцијата за филм.

Со изборот на членови на УО на ЈП за стопанисување со објектите за спорт, Владата заклучи да им препорача на членовите да поведат постапка за разрешување на актуелниот директор Шпенд Хајредини, заради индиции за сериозни нарушувања на повеќе одредби од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, како и заради постапки кои укажуваат на надминување на надлежностите предвидени со Законот за јавни претпријатија.

За членови на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, на предлог на организациите регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, Владата ги именуваше Наташа Бошкова за областа „Заштита на маргинализираните лица“ од Коалицијата сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници Маргини Скопје, и Снежана Трпевска за областа „Медиуми и информатичко општество“ од Здружението на новинарите на Македонија Скопје.

Од должноста в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, денеска е разрешен Арбен Виља, а Дејан Павлески (дипломиран инженер по електротехника), е именуван за в.д. директор на оваа Агенција.

Владата ја прифати оставката на Билјана Јовановска, и ја разреши од должноста директор на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија Скопје, на нејзино барање и го именуваше Абдуш Демири, дипломиран економист за директор на Агенцијата.

На седницата Фејзула Спахија е разрешен од должноста директор на Државниот инспекторат за животна средина и на оваа должност е именувана – Ана Петровска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...