fbpx

Владата донесе одлука за финансиска помош на Грција и на Јапонија

-

Владата исто така донела одлука за финансиска помош исто од шест милиони денари, да биде испратена и до Владата на Јапонија за поддршка во справувањето со последиците од земјотресот што неодамна ја погоди оваа земја.

Владата на вчерашната седница донела одлука да испрати финансиска помош во висина од шест милиони денари до Владата на Грција за справување со катастрофалните пожари што овие денови ја зафатија пошироката околина на главниот град Атина.

Дополнително, Владата донела одлука да формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина.

Министрите донеле одлука за договорениот откуп на пченицата од 2018 година и за зголемување на коефициентот за работа ноќе и за дежурства во здравството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...