Владата донесе одлука да му префрли на ЈСП средства за бесплатен превоз за студентите

Мицкоски кажа дека средствата од 120 милиони денари ќе му бидат префрлени на Град Скопје оваа недела.

-

Владата на денешната редовна седница одлучи да му префрли 120 милиони денари на Градот Скопје, односно на Јавното сообрачајно претпријатие, за да може мерката бесплатен јавен превоз за студентите непречено да се реализира и следната календарска година.

За ова информираше премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Во изминатите неколку недели актуелна беше темата за јавниот бесплатен превоз на студентите. Имајќи ја во предвид очајната финансиска состојба во Јавното сообраќајно претпријатие се наметна темата дали тоа воопшто ќе продолжи да работи, да функционира и се доведе во прашање имплементацијата на самата мерка за бесплатниот превоз на студентите. Станува збор за наследен проект и проект кој беше заглавен со многу недоречености и долгови“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека претходната Влада три години не обезбедувала средства за оваа намена и немала донесено вакви одлуки.

„Оттука и недовербата која студентите ја имаа кон извршната власт“, рече премиерот.

Мицкоски изјави дека бесплатниот јавен превоз на студентите ќе им овозможи поголема достапност до образованието и ќе ги ослободи од финансискиот товар, но и дека мерката има еколошки аспект бидејќи ќе ги поттикне младите да го користат јавниот превоз и да ја намалат употребата на приватни возила.

Мицкоски кажа дека средствата од 120 милиони денари ќе му бидат префрлени на Град Скопје оваа недела.

Министерката Јаневска им се заблагодари на премиерот и Владата што „имаат разбирање за потребите на студентите“.

„Студентите следната година ќе имаат бесплатен превоз, што е особено значајно за нив и што беше ултимативно барање на некој начин, односно насушна потреба, затоа што во јануари тие имаат сесија“, изјави Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече и дека во моментов се размислува дали следната година да се зголемат субвенциите за студентски оброк.

„Во моментов разговараме интензивно за тоа дали ќе се покачи вредноста на студентскиот оброк или ќе го зголемиме опсегот на студентите кои ќе го примаат тој студентски оброк, бидејќи нивното барање е и оние кои работат четири часа, а заработуваат многу малку, да можат да користат студентски оброк“, изјави Јаневска.

Таа повтори дека за 2025 година, буџетот за студентски стандард е зголемен за 18 отсто.

„Сосема е свесно министерството и за останатите предизвици со кои се соочуваат студентите во однос на студирањето на студиските програми и другите потреби. Министерството ќе има максимално разбирање за нивните потреби, како што првпат после многу години, тие оваа година ги добија редовно стипендиите кои во минатото им доцнеа 6,7 и повеќе месеци“, рече Јаневска.

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...