fbpx

Владата ѝ додели 50 возила и нови простории на ДИК

-

Педесет возила и три нови простории во поранешната зграда на „Нова Македонија“  ѝ додели денеска Владата на Државната изборна комисија.

„За обезбедување соодветни просторни услови на ДИК, Владата го задолжи Генералниот секретаријат да обезбеди три простории за потребите на Државната изборна комисија, на првиот кат во административната зграда (објект на поранешно НИП „Нова Македонија“), а истовремено се задолжи и Службата за општи и заеднички работи да изврши целосно техничко и безбедносно опремување на просториите на Државната изборна комисија за обезбедување висок степен на безбедносна заштита во овие простории, во кои ќе се чуваат сите материјали поврзани со претстојните избори. Владата донесе одлука за отстапување и привремено користење на вкупно 50 автомобили, кои ќе бидат на располагање на Државната изборна комисија во согласност со нејзините потреби“, стои во соопштението.

Од Владата објаснуваат и дека за обезбедување на поголема функционалност и за динамизирање на процесот за утврдување на избирачкиот список, ги задолжила Фондот за здравствено осигурување, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Агенцијата за вработување, Управата за водење на матична евиденција, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар, Управата за јавни приходи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ѝ препорачала на Народната банка на Република Македонија, да склучат, односно потпишат договори и меморандуми за соработка со Државната изборна комисија, во насока на пренос и на мигрирање на податоците од регистрите, базите на податоци со кои располагаат овие институции, во функција на ажурирање на избирачкиот список.

Владата ѝ препорачува на Државната изборна комисија да достави писмен допис до Дирекцијата за заштита на лични податоци, во кој ќе побара појаснување во однос на тоа кои податоци на граѓаните можат да бидат јавно достапни и објавени при законската обврска на ДИК за јавно објавување на избирачкиот список, во согласност со одредбите од Изборниот законик, а Дирекцијата за заштита на лични податоци веднаш да одговори на дописот.

Истовремено, ѝ препорачува на ДИК да склучи меморандум за разбирање и за соработка со Државниот завод за статистика, во кој ќе бидат уредени и опфатени сите прашања помеѓу овие две институции за време на овој период.

Владата, исто така, го задолжи Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Државната изборна комисија, во најкус можен рок да идентификува групи на административни службеници кои ќе бидат избрани за членови во општинските изборни комисии и избирачки одбори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...