fbpx

Владата додели 5.000 литри дизел за противпожарните возила, ќе набавува во директна спогодба и млазно гориво

-

Владата на вчерашната онлајн-седница донела одлука, на барање на Дирекцијата за заштита и спасување, Агенцијата за стоковни резерви да достави на дирекцијата без надомест 5.000 литри дизел гориво, за противпожарните возила, информираат од владината прес-служба.

Исто така, според Одлуката за постоење кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на Република Северна Македонија и справување со непредвидливите последици, Владата го задолжила Бирото за јавни набавки да даде согласност на Генералниот секретаријат на Владата да спроведе постапка со преговарање без објавување оглас за набавка на 15.000 литри млазно гориво за потребите на Дирекцијата за заштита и спасување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...