fbpx

Владата до екологистите: И ние сме загрижени за загадувањето, ама превземаме мерки

-

Владата на Република Северна Македонија внимателно ќе ги слушне и ќе ги прифати сите аргументирани сугестии на граѓанските организации вклучени во „Марш за чист воздух“ и во таа насока е отворената покана за средба во Владата во понеделник на 2 декември, стои во соопштението на Владата по повод најавениот протест на граѓанските еколошки здруженија, закажан за денес во 17 часот пред Министерството за животна средина и во 18 часот пред Владата. Целосно ја разбираме реакцијата на граѓаните и граѓанските организации предизвикана од загадувањето на воздухот, и ја споделуваме загриженоста, се вели натаму во соопштението.

Од владата потсетуваат дека е за таа цел и е донесен Планот за чист воздух кој ја изразува јасната политичка волја да се справи со овој проблем кој е таложен со децении и кој предвидува сеопфатен и координиран пристап за спроведувањето на мерките. За прв пат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето кои во годината што изминува, вклучително со различните активности на сите одделни министерства поврзани со заштита на животната средина, достигна 20 милиони евра.

Во рамките на тој буџет, во тек е спроведувањето на најголемата поединечна инвестиција во историјата на земјата за грижа за животна средина со издвојување на 10 милиони евра за инвертер клими кои ќе ги заменат печките на дрва и нафта во 10.000 домаќинства во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, потсетуваат од Владата на РСМ. За стимулирање за користење на топловодната мрежа и поврзување на нови објекти го намаливме данокот на додадена вредност од 18% на 5% за испорака на топлинска, а Регулаторната комисија донесе одлука дека корисниците што беа исклучени од парното да не плаќаат за повторно приклучување. Исто така, оваа година, и на почетокот на идната ќе заврши примарната гасоводно структура и ќе започне реализацијата на секундарната за гас до домаќинствата и компаниите.

Владата потсетува и дека во рамки за Програмата за намалување на аерозагадувањето 2019 (Планот за чист воздух), во 45 градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти се реализираат постапки за замена на загадувачките системи за затоплување и дека во 28 објекти се инсталирани системи за енергетската ефикасност во најзагадените градови. Во 11 објекти е спроведена програмата „Зелен лист – воздух чист“ за уредување на урбани зелени површини во градинки, основни и средни училишта и здравствени објекти во општините. За 38 јавни институции се набавени пречистувачи за воздух во внатрешни простории. На 108 објекти во општините се инсталирани фотоволтаични системи.

Градот Скопје доделува субвенции на домаќинствата и други субјекти за чистење на оџаци и за промена на скоро сите стари фасади на административни објекти со нови и енергетски ефикасни фасади, се вели натаму во соопштението на Владата на РСМ, како и дека е безбедена набавка и поставување на 562 пречистувачи на воздух во училиштата и субвенции за набавка на велосипеди и електрични тротинети. Обезбедени биле и бесплатни паркинг места за електрични автомобили и изградени се 14,6 километри велосипедски патеки. Според влдиното соопштение, биле исчистени 300.000 тони отпад од диви депонии и се обновија 50% од зеленилото во градот или 116.000 м2 зелена површина, а биле спроведени и инспекции на сите инсталации кои поседуваат Б дозволи за работа пред почетокот на грејната сезона.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...