fbpx

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење на цела територија

-

Владата на синоќешната 24. седница ја задолжи Комисија за заразни болести при Министерството за здравство, да подготви детален писмен предлог со мерки и препораки за воведување на најстроги рестриктивни мерки во врска со спречување, внесување и ширење на корона вирусот Ковид-19, забрана и посебен режим на движење на територијата за време на ден и во ноќ, организирање на јавниот превоз, сменско работење, опфатени категории на лица по возраст и истите да ги достави до Владата, за седницата што ќе се одржи денеска

„Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата да направат детален оперативен план за спроведување на најстроги рестриктивни мерки што ќе ги преземе Владата, со цел спречување, внесување и ширење на коронавирусот Ковид–19. Се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Армијата во рамките на нивните надлежности, веднаш да пристапат кон спроведувањето на досегашните донесени мерки и препораки од страна на Владата,“ се вели во соопштението на Владата.

Сите лица што не ја почитуваат мерката за самоизолација ќе бидат спроведени во државен карантин и против истите да биде поведена соодветна постапка, трошоците за време на престојот во државен карантин ќе бидат на товар на лицата што не ја почитувале оваа мерка.

Владата на седница исто така одлучи да се организираат хуманитарни летови за граѓаните кои се заглавени по аеродромите, истите кога ќе слетаат ќе бидат во карантин на државен трошок, а картите треба да си ги платат сами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...