fbpx

Владата ја усвои Стратегијата за транспарентност од 2019 до 2021 година

-

На предлог на министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и
транспарентност, Роберт Поповски, на 166. седница е усвоена Стратегијата за транспарентност на Владата за периодот 2019-2021 година.

Стратегијата е проследена со Акциски план, за унапредување на амбиентот за транспарентност и доверба во работата на институциите во пресрет на
интеграцијата на земјата во ЕУ и НАТО.

Денеска беше промовирана и платформата „Отворени финансии“ преку која граѓаните ќе можат да го следат трошењето на нивните пари во буџетот, од страна на буџетските корисници најпрво на централно ниво, а потоа во втора фаза, на локално ниво.

Во процесот на подготовка на Стратегијата за транспарентност учествуваше и Фондацијата „Метаморфозис“.

– Потребата за Стратегија за транспарентност беше идентификувана од резултатите на Индексот на отвореност, истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ поддржанo од Европската унија, коe покажува дека големите разлики на транспарентност меѓу институциите се должат на непостоењето на политика на централната власт за транспарентност. Стратегијата треба да постави основни принципи за транспарентност и отвореност по која ќе се водат сите органи на извршната власт. „Метаморфозис“ ќе продолжи да ја следи отвореноста на институциите преку Индексот на oтвореност и да ги идентификува потенцијалните ефекти на Стратегијата за транспарентност“, изјави директорката за програми во Фондацијата „Метаморфозис“, Ќендреса Сулејмани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...