Владата ѝ вратила на Европската комисија 1,75 милиони евра заради нерегуларности

-

Минатата година, поради утврдени нерегуларности со финансиите од ИПА, Владата извршила поврат на пари кон Европската комисија во износ од 108.229.000 денари или повеќе од 1,75 милиони евра, пишува во ревизорскиот извештај за финансиските извештаи на Министерството за финансии. Како што енаведено, во 2016 година, Европската канцеларија за борба против измама ОЛАФ, спровела истрага за фирма-добавувач која има склучено два договора, во рамките на децентрализираниот систем за управување со ИПА.

„Истрагата е финализирана во 2019 година и е издаден финален извештај, во кој е констатирано дека РСМ треба да изврши поврат на вкупно исплатените средства за двата договори од ИПА делот, во вкупен износ од 1,754 милиони евра. Истакнуваме дека од буџетот на РСМ на фирмата-добавувач исплатени се дополнителни 194.916,88 евра како национално ко–финансирање. Поради утврдените нерегуларности од страна на ОЛАФ во текот на 2021 година, врз основа на одлука на Владата, извршен е поврат на средствата кон Европската Комисија во износ од 1,754 милиони евра“, навеле ревизорите во извештајот.

Во него стои дека РСМ исплатените средства кон Европската комисија треба да ги наплати од оние кои извршиле измама или добиле корист од истата, согласно одредбите пропишани во националните закони.

„Во текот на 2020, 2021 и 2022 година МФ има преземено активности за известување и доставување на целокупната документација во врска со настаната состојба до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и до Државниот правобранител на РСМ, со цел спроведување на постапки за поврат на средствата во Буџетот на РСМ, по што од страна на Основниот кривичен суд поведена е кривична постапка“, пишува во извештајот.

Како што е наведено, согласно член 29 став 1 од Рамковната спогодба помеѓу РСМ и Европската комисија за правилата за соработка во однос на финансиската помош на Европската комисија за РСМ, во рамки на спроведување на помошта според ИПА склучена на 30.10.2007 година, секој докажан случај на неправилност или на измама, откриен во кој било период додека се спроведува помошта според ИПА или како резултат на некоја ревизија, ќе води кон враќање на средствата од Корисникот (РСМ) на Европската комисија.

 

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Децата во С. Македонија не примаат „секакви експериментални вакцини“, туку проверени и испитани

Не е точно дека децата во Македонија примаат „секакви експериментални“ вакцини, како што тоа сака да го прикаже објавата. Министерството за здравство на страницата за информации околу вакцините и задолжителната имунизација,...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на...