На вчерашната 172 седница, Владата го утврдила текстот на Предлог-законот за поништување на сите решенија за лустрација, како и обесштетување на лустрираните.

Ако се изгласа вчера предложениот текст, стануваат ништовни сите решенија на Комисијата за верификација на фактите, што беше формирана во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, која е коалициски партнер и во новата власт.

„Со новото предложено решение, се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата кои беа жртви на овие постапки пред Комисијата за верификација на факти, пред надлежните судови и пред другите органи, и согласно Предлог законот, за оштетените лица од наведените акти и дејствија, се предвидува надоместок на штета. Со овој Предлог закон, кој ќе биде пуштен на усвојување во Собранието на Северна Македонија се заокружува правната рамка како стратешка цел на реформата во правосудството во однос на обезбедување на независноста и непристрасноста и се пристапува кон реализација на стратешката насока за воспоставување на законска рамка за поништување на мерките и правните последици од процесот на лустрација“, соопшти Владата.